Кина ja подготвува првата во светот квантна телепортација во вселената

од desk3
102 прегледи

Кинески научници се подготвуваат летово да го остварат првиот во светот експеримент по квантна телепортација меѓу вселената и Земјата. Експериментот ќе го одржат физичари од Кинескиот универзитет за наука и технологија, заедно со нивните колеги од Кинеската академија на науките, соопштува сајтот Nature, цитиран од БГНЕС. Пренесување на состојба на честички меѓу две точки на Земјата ќе се реализира со помош на вселенски сателит, кој се планира да биде изведен во орбитата специјално за овој експеримент.

20160117.axrarebvak

Во првата фаза од работата кинеските физичари ќе воспостават квантна врска меѓу Пекинг и Виена. Втората фаза од истражувањето предвидува спроведување на квантната Телепортација на фотони меѓу Далиан и Лицзјан.

„Ел-Џи Г5“ ќе биде претставен на 21. февруари

Во иднина кинеските научници планираат слични обиди за пренесување на состојба на честички помеѓу Земјата и Месечината.

Освен тоа од пред неколку години Кинезите размислуваат и за телепортација во квантната состојба на бактерија или квантна телепортација на меморија.