(ВИДЕО) Елена е втората Македонка која си обезбеди директен влез во следниот круг на Пинкови ѕвездички

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Македонските претставнички на овогодинешната сезона на натпреварот во пеење „Пинкови ѕвездички“ просто воодушевуваат со своите настапи и една по една, со секој настап, директно влегуваат во сè потесните следни кругови на шоуто.Elena-Bimbilovska-Molitva

Елена Бимбиловска од Струга ги доби повторно сите 5 столици од жирито и директно влезе во петтиот круг од натпреварот. Таа овој пат ја испеа евровизиската песна „Молитва“, не пропуштајќи да го “удри“ својот оригинален печат на изведбата.

Жирито ѝ порача дека неспорно е врвна и совршена пејачка, со неверојатен глас и дека при изведбите на сите хитови со својот глас умее да ги испее на каков начин и да посака, а притоа тоа секогаш да звучи дека таа баш така сакала.