“Даночните засолништа” се причина за 99% од сиромаштијата, 1% од најбогати на планетата имаат повеќе од останатите 99%

од desk3
99 прегледи

Едниот процент на најбогати жители на планетата поседуваат повеќе од останатите 99 проценти, објави британската невладина организација Оксфам (Oxfam) денеска – во пресрет на претстојниот оваа недела Светски економски форум во Давос, пренесе Франс прес.

pari

Јазот меѓу најбогатите и остатокот од населението на Земјата е зголемен драматично во текот на изминатите 12 месеци, забележува хуманитарната група во извештајот насловен “Една економија во служба на 1-тиот процент”, базиран на податоци на Credit Suisse. Тој беше објавен пред светскиот елита да се собере во швајцарското одморалиште од среда до сабота.

Минатата година Оксфам соопшти дека оваа година вредноста на имотот на едниот процент најбогати жители на планетата ќе ја надмине онаа на останатите 99 проценти. Оваа прогноза сепак се оствари уште минатата година, истакна невладината организација.

Како илустрација за колосалното зголемување на нееднаквоста во последниве години, Оксфам посочува дека 62-та најбогати луѓе на Земјата поседуваат повеќе отколку најсиромашната половина од човештвото. Пред пет години за оваа “рамнотежа” биле потребни 388 лица.

Според Оксфам од почетокот на овој век најсиромашната половина од човештвото ужива од под 1 процент од зголемувањето на светското богатство. За сметка на тоа половина од порастот оди кај 1-тиот процент најбогати жители на планетата.

Клинтон подготвена да ги рестартира односите со Русија

Оксфам ги повика учесниците на Светскиот економски форум во Давос да дејствуваат. “Не можеме да продолжиме да оставаме стотици милиони луѓе да страдаат од глад, а ресурсите кои би можеле да им помогнат, се во рацете на неколку луѓе на високо ниво”, истакна организацијата во коминике.

Со цел неутрализирање на ова зголемување на нееднаквоста Оксфам повикува конкретно да биде ставен крај на ерата на даночните засолништа. Девет од 10 компании, стратешки партнери на Светскиот економски форум во Давос, се претставени во најмалку еден даночен рај.

Овој систем на даночно затајување не дозволува на стотици милиони луѓе да излезат од сиромаштијата, нагласува Оксфам.

Минатата година неколкумина економисти ја оспорија методологијата користена од невладината организација. Оксфам го бранеше својот метод – да ја пресметува нееднаквата состојба на луѓето, од поседуваните средства ги вади нивните долгови.