(ГАЛЕРИЈА) Најубавиот мост во Русија

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Во историјата на цивилизацијата се изградени многу мостови кои поврзуваат патишта над неповолни терени.3a2b2a4e28087545570e4cd6a44a2c4e

Мостовите сепак можат исто така да ја покажат економската и творечката моќ на градовите и инженерите. Многу од нив станаа симболи на градови, региони и цели држави.

Токму затоа мостот во Владивосток е и гордост за Русија.

Тој се наоѓа во близина на Пацифичките брегови на градот, од другата страна на теснецот Источен Босфор, поврзувајќи го големиот шумски остров Руски со градот. Го нарекуваат Златниот мост, бидејќи е над заливот Златен Рог.

За време на советската ера островот бил главно од воено значење. До неодамна дури жителите на Владивосток требаше да добијат посебна дозвола за да го посетат островот, но денес тој е отворен за туристи. На Руски има само околу 20-30 километри асфалтни патишта, но се очекува во иднина тој да се развие како топ одморалиште.

Восхитувачкиот мост е отворен во јули 2012 година и е долг 1885 метри, а неговиот капацитет е до 50 илјади возила на ден, но се користи од не повеќе од неколку илјади автомобили и туристички автобуси.

Неодамна National Geographic го прогласи мостот во Владивосток меѓу 10-те најубави во светот. Самиот град се смета за “Сан Франциско на Русија”.

Видете фотографии од мостот во галеријата.