Познатиот астрофизичар и истражувач на црните дупки во вселената, Британецот Стивен Хокинг предупредува дека живееме во најопасниот век во целата човечка историја, во кој опасностите ќе не демнат секаде, соопшти “Гардијан”.

Научникот смета дека главна закана за луѓето во наредните години ќе стане неконтролираниот технолошки развој, што може да доведе до нуклеарна катастрофа или до ширење на генетски модифицирани вируси.
Северна Кореја создаде вотка без мамурлак
“Ние не можеме да престанеме да се движиме напред или да го запреме прогресот, затоа треба да откриеме каде не демнат опасности и како да се спасиме од нив”, вели уште астрофизичарот. Според него, дури и науката, која ни дава толку многу, може да не убие.