Диџејот Калвин Харис го објавил во продажба својот модерен дом во Лос Анџелес за цена од 10 милиони американски долари.
Куќата на славниот Шкотланѓанец, кој веќе една година излегува со поп-ѕвездата Тејлор Свифт, е изградена во далечната 1953 година, но е реновирана неколку пати.
Таа е со површина од 412 квадратни метри и се наоѓа во соседството Вест Холивуд, во комплекс од затворен тип.
Луксузната палата на диџејот располага со четири спални, затворено кино, спа центар со сауна и парна бања, инфинити базен, двор со убаво уредување, надворешна кујна со камин и белведер со дивани.
31-годишниот Калвин го купи имотот пред три години за сума од 7 милиони долари. Веста за предметната продажба доаѓа на само неколку дена откако се појави информацијата дека Харис и Свифт веќе живеат заедно во нејзината куќа и дека дури размислуваат свршувачка и заедничка иднина.
Видете фотографии на американската палата на шкотскиот диџеј во галеријата.