Руските авиони во воздушни напади убија 60 терористи на Исламската држава во сириската провинција Деир ез-Зор, соопшти руското министерство за одбрана.

„Руски бомбардери СУ-34 гаѓаа утврдувања на терористите во близина на селото Балиља каде ИСИС пред неколку дена погуби 300 цивили со цел да ги уплаши жителите“, изјави портпаролот на министерството.
Во воздушните напади уништени се и три камиони со муниција и две теренски возила со противвоздушни топови.
Џихадистите таму пред неколку дена убија цели семејства, зошто наводно соработувале со вооружените сили на Сирија.