(ВИДЕО) По ХИВ вирусот, на Чарли Шин му е откриена уште една болест

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Веќе е познато дека Чарли Шин се бори со низа проблеми, вклучувајќи го и вирусот ХИВ, а сега откри дека му е дијагностицирана уште една болест.

sheen190116

Во текот на гостувањето на телевизиско шоу, глумецот откри дека има биполарно пореметување.

Доктор Оз го пофали за искреноста и смета дека тоа на многумина кои патат од биполарно пореметување ќе им влее надеж.

Биполарно пореметување се манифестира со нагли промени во расположението кои варираат од манија до депресија. Се препорачува терапија со лекови, но Шин засега своите напори ги насочил кон ХИВ вирусот.