Поранешен лондонски тоалет се продава за 1 милион фунти

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Поранешен јавен тоалет во источен Лондон се продава за сума од 1 милион фунти (над 1 435 000 долари).4600991

Подземната просторија се нуди како место за отворање на ресторан или ноќен клуб, иако е со големина од 56 квадратни метри. И може да собере максимум 60 лица, пишува британскиот весник “Индипендент”.

За прв пат јавниот тоалет станува локал во почетокот на новиот век, но во 2012 година тоа е принудено да ги затвори своите врати поради бројни поплаки за дистрибуција на дрога, недостаток на дозволи и несоцијално однесување на посетителите.

Оттогаш наваму поранешниот тоалет стои празен, но дури сега се враќа на пазарот. Местото е опишано од продавачите како “шармантно и бизарно” и обезбедува “фантастична можност” за оние кои сакаат да го купат. Сепак тоа има еден недостаток и тоа е високата цена. Тоа чини повеќе од три пати од почетната сума во 2000 година, кога се претпоставува дека е продадено за последен пат.