Израелската армија регрутира во разузнавачката служба тинејџери со аутизам, еве зошто…

од desk3
144 прегледи

Израелската армија регрутира тинејџери со аутизам. Многу од нив наоѓаат место во Одделот 9900 – разузнавачки дел, во која нивните вештини за поинаква перцепција на информации високо се ценат.

2110979156

Експерти ја дефинираат новата програма како заемна корист – за многу од овие млади луѓе, работата во одделот е единствениот начин целосно да учествуваат во израелското општество и да се вклучат во активности, кои инаку би им биле забранети. За армијата пак, ова е можност да ги користат ункатните квалитети кои често ги придружуваат дијагностицираните со аутизам – неверојатни способности за визуелно размислување и внимание на деталите. Комбинацијата на овие два квалитети доведува до висока експертиза во областа на анализата на воздушни фотографии – нешто што на израелската армија силно и треба во борбата со палестинските милитанти.

Франкфуртер Рундшау: Фатална погрешна проценка во Македонија

На луѓето со аутизам им е полесно да се изразуваат со слики, наместо да категоризираат информации во однос на јазикот, објаснува Гералдин Даусон – директор на Центарот за аутизам и развој на мозокот “Дјук”. “За нив е потешко да мислат за целото, општото и полесно им е да се концентрираат на малите детали”, додава таа.+

2110979157

Токму овие се способностите кои се ценат од Одделот 9900. Во него војниците , “очите” на терен ги анализираат бројни визуелни материјали кои пристигнуваат од сателитите во реално време.
Еден од новоименуваните во Одделот за визуелно разузнавање, попознат како Одделот 9900, е Е., има 21 година. Во поголемиот дел од работното време тојги скенира сателитски снимки на сомнителни објекти и движења од неколку екрани. Како “декодер” на сложените и често присутни во цивилни делови на земјата, боишта во Израел, тој не еднаш одигра клучна улога во спречувањето на човечки загуби од израелската армија, тврдат претпоставените .

2110979158

Ако за повеќето луѓе прегледувањето на секој милиметар од бројните снимки од поинаков агол би била исклучително тешка задача, Ф., кој боледува од аутизам, вели дека неговата работа го опушта – “исто како хоби”.

Воената служба во Израел е задолжителна за секој – и девојки и момчиња, над 18