Пејлин и Трамп ветија “голема Америка”

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Барак Обама беше определен како “врховен капитулант” на митингот

Сара Пејлин официјално влезе во предизборната кампања на САД, како поддржувач на  кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп, објавија американските медиуми.Пејлин е поранешен гувернер на Аљаска и има огромно влијание врз избирачите од конзервативно-либертарианското крило на републиканците. Таа јавно ја објави одлуката за заеднички настап со Трамп на предизборен митинг во Ајова, каде на 1 февруари ќе се одржат првите партиски избори за сезоната. “Јас сум тука, зашто знам – сега или никогаш … Јас учествувам во оваа кампања, за да освои Трамп “- изјавила Пејлин. Според неа, Трамп “повторно ќе ја направи Америка голема”. Потоа Пејлин  ја разби политиката на Барак Обама, со која според  неа  Американците почнаа да живеат полошо, а престижот на Америка во светот опадна. Таа го нарекла Обама “врховен капитулант”.