Одговорното и достоинствено однесување мора да биде императив за сите политички фактори, наведува ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на заклучоците донесени на вчерашниот Централен одбор на СДСМ.
Партијата истакнува дека државата мора да оди напред и оти веќе не смее да биде заложник на политичката криза создадена во изминатиот период.
– Народот бара решенија за секојдневните проблеми, а не партиите како приоритет да ги имаат личните интереси на нивните раководства. Фер и демократски избори ќе има и тоа не е прашање кое СДСМ треба да го загрижува. Тоа што СДСМ треба да го загрижува е отпорот кој се создаде во државата против нивната деструктивна политика, базирана на фабрики за афери, сплетки, интриги, шпиунски филмови и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ очекува СДСМ како партија која го води МВР и има одлучувачко влијание во ДИК, да го даде својот придонес во организирањето на фер и демократски избори.
– На 24-ти април народот на фер и демократски избори ќе каже што мисли за партиите и за нивното однесувње и понуда, програма, и СДСМ нема да можат да избегаат од волјата на народот, се наведува во реакцијата