Главниот град на Русија – Москва, е еден од најзначајните градови. Тој не само што е најголемиот меѓу руските градови, но и има способност да се трансформира тотално за време на божиќните и новогодишните празници.
Бидејќи руската патријаршија го следи Јулијанскиот календар, Божиќ и кај нив доаѓа во јануари. Затоа и убавината од Москва доаѓа со мало задоцнување во споредба со другите светски метрополи, но во целата величественост.
Руската зима може да е сурова и несфатлива за нас, но убавината не може да се негира. Сликите кои младата фотографка Кристина Макеева ги има направено, покажуваат волшебство и магично емитување на руската престолнина по празниците.
Црвениот плоштад и Кремљ под светлата на декорацијата блескаат во шарени и во секоја боја светилки.
Техниките кои Макеева ги користела за создавање на фотографиите се импресивни. На фотографиите се гледаат светло издвоените акценти, неверојатен баланс меѓу острите линии и шарени светла. Личниот стил на талентираната дама открива начин да ги натера емоциите да се истакнат во преден план.

Смеа и веселба, брз град, истуширан од илјадници треперливи светла во нежна чипка од снегулки!
Останатите прекрасни снимки погледнете во галеријата.
Галерија: BoredPanda; Instagram; Kristina Makeeva