Стотици Руси излегоа на протест пред централната банка на земјата. Поводот за незадоволството е падот на националната валута.
По затворањето на берзите вчера еден долар се тргуваше за 81 рубли.
Вработените на банкарските институции, продавници и вработени во секторот на услугите ги напуштија работните места и излегоа на масовен протест на улиците на Москва. Меѓу незадоволните постојат многу луѓе кои не добиле плати со месеци.
“Толку долго време не сум добивал пари, што веќе станува катастрофално. Не ми е платено за јули, август и половина од септември. Може да се каже дека оттогаш не сме добивале пари”, рече демонстрантот Сергеј.
Катастрофата во балканскиот мигрантски правец станува неизбежна- Македонија ни напред, ни назад…
Еден од работодавачите, кој беше на протестот, изјави дека компаниите не можат да се справат со исплата на плати поради слабата економија.
“Кога ќе побараме пари ни велат:” Разберете чувствуваме тешкотии и сме во финансиска криза “. Само тоа ни кажуваат. Кога им ѕвониме на банките, тие не ни креваат телефон, не ни одговараат на писмата и воопшто не помагаат за решавање на ситуацијата. Само блокираат “, коментира работодавач.
Руската рубља падна до историско дно. Веќе еден долар се разменува за 81 рубли.
Според финансиски аналитичари колапсот на руската валута е предизвикан од поевтинувањето на нафтата.
Во Казахстан дури најавија предвремени парламентарни избори поради цената на “црното злато”. Сортата Brent се тргуваше за околу 28 долари за барел доцна синоќа пред затворањето на берзите.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин ја увери јавноста дека рекордно нискиот курс на рубљата во однос на доларот не е причина за паника, пренесе БТА, цитирајќи ДПА.
Нема причина да се претпостави дека централната банка нема некакво предвидено сценарио за избегнување на реален пад, изјави портпаролот Дмитриј Песков пред руската агенција РИА “Новости”.
Знаете дека имаме мега регулатор, изјави Песков, додавајќи дека руската централна банка следи курсот на рубљата и го анализира одблизу.
Затоа нема да го користам зборот колапс. Се разбира девизниот курс се менува, наизменичен е. Но тоа не е колапс, истакна Песков.
Поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин истакна денеска дека цената на нафтата може да падне од околу 28 долари за барел во моментов до околу 16 долари.
Директните странски инвестиции во земјата се намалиле за 92 проценти минатата година, соопшти денеска Агенцијата “Интерфакс”.
Поевтинувањето на нафтата може да ја изложуваат на опасност стабилноста на Русија и сериозно да ја ослабне економијата на земјата.

