(ВИДЕО) „Војна“ меѓу француските новинари поради Памела Андерсон

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Доаѓањето на американската глумица Памела Андерсон во францускиот парламент, каде пред два дена се заложи за усвојување на закон против насилсно товење на гуски и патки за производство на познатата паштета “foa gra” (foie gras), предизвика вистинска мала војна меѓу новинарите.

pamandersonfoiegras_custom-8121071babd443d5c0ad19fb1a38176475b059c9-s800-c85

Сцената која ја снимиле камерите на телевизијата Канал + ја забавува цела Франција.

На снимката, може да се види кошкање меѓу нервозни новинари кои повеќе се окупирани со она што го гледаат, отколку со она што го слушаат.

Звездата на серијата „Чувари на плажата“, стигна со неколку минути закаснување што додатно ги раздразни присутните новинари. Додека влегувала во Националното собрание дошло и до метеж.

30585E9E00000578-3407123-She_means_business_Addressing_the_members_of_the_country_s_gover-m-56_1453234136316

„Наведни се будало, ништо не гледам“, се слуша како извикува еден фотограф, а другиот дофрла „Слушајте што зборува!Зар не гледате дека збори“!

Најмногу смеа, но и згрозување предизвика новинар на телевизијата Франс 2, кој потполно ја изгубил главата, и со пцовки викал по колегите и ги удирал со нотесот.