Истекоа техничките карактеристики на Samsung Galaxy S7

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Во интернет просторот истекоа спецификациите на смартфонот “Samsung Galaxy S7”, чие излегување се очекува следниот месец, објави “Индипендент”.4610321

Податоците се појавија на веб-страницата на “AnTuTu” – апликација која професионалци и обични корисници ја користат, за да ја пресметаат брзината на процесорите на компјутери и мобилни уреди. Техничките тестови, за кои се претпоставува дека се на новиот смартфон на “Самсунг”, најверојатно се извршени од страна на развивачите или вработени на компанијата. Во нив се гледа дека смартфонот ќе го користи процесорот Exynos 8890, кој е сопствен развој на “Самсунг”.

Уредот располага уште со 5,1-инчен екран со резолуција од 1440 x 2560, 12 мегапиксели задна камера и 5-мегапикеселова предна. Тој уште има 4GB RAM меморија и 64GB простор за датотеки што ќе може да се прошири со додавање на мемориската картичка во SD слот.

Претходен тест, повторно најверојатно на Galaxy S7, покажува слични спецификации, но процесорот е Qualcomm Snapdragon 820. Ова покажува дека е многу веројатно различните земји и трговци на мобилни апарати да добијат две варијанти на долгоочекуваниот паметен телефон кој е главен во линијата на модели на “Самсунг”.

“Galaxy S7” треба да се појави на пазарот во февруари.