Неодамна во Лос Анџелес се отворија вратите на ексклузивниот канцелариски центар NeueHouse. Неговата локација е во зградата на Радио CBS во Холивуд, на плоштадот “Колумбија”.
Токму тука се наоѓа една од најпознатите стилски работни простори во Ел Еј. Горните катови се со приватни работни простории, а сиот мебел е направен по нарачка и е дизајнерско дело.
Зградата има ресторан за самопослужување, кој исто така е со неверојатно модерен дизајн. На вториот кат на зградата се наоѓа катче за релаксација и одмор, кое е направено во марокански стил.
На покривот на зградата има тераса, која може да се користи од страна на вработените и која нуди неверојатна глетка кон Холивуд.
Во фоајето на NeueHouse има рецепција, која е направена од полиран бел мермер, создавајќи едно емитување за вечна класика.
Погледнете повеќе фотографии од модерната канцеларија во галеријата.