ЕУ повика “Volkswagen” да им исплати штета европските потрошувачи како што плати на американските

од Марта Пешевска
94 прегледи

Европската унија го повика германскиот автомобилски гигант, Volkswagen да им исплати отшета на европските потрошувачи на ист начин како што ги обештети и американските, поради скандалот со лажењето за екотестовите околу емитувањето на штетни гасови.

97513b30d824701e821568c11c3f5ebe

Фото- Reuters

Шефот на Volkswagen , Матијас Милер разговарал со комсерот за индустрија во ЕУ, Елизабет Бјенковска, во врска со аферата во која најголемиот европски производител на автомобили , кој опремил 11 милиони дизел мотори во светот со уреди за манипулирање на вредностите од издувните гасови .

Портпаролката на Европската комисија изјави дека комесарката Бјенковска уште еднаш ја повикала компанијата за соодветно обештетување на клиентите.  Таа го повторила ставот дека потрошувачите во ЕУ треба да бидат третирани на исти начин како и американските купувачи.

Во САД, со цел да се покријат манипулациите, VW, kоја моментално е под истрага , понудила поклон ваучери во износ од 1000 долари и картица за лојалност на купувачите кои поседувале инкриминирани автомобили. По овие информации , во 28-те земји членки на ЕУ немало такво оддолжување.
ЕУ исто така притиска VW  да обезбеди повеќе детали за да може да се процени влијанието на штетните автомобили врз животната средина и здравјето на луѓето.
Комисијата соопшти дека Милер ќе ги обезбеди сите технички информации кои се потребни на Комисијата за да процени дали се потребни планираните мерки и дали ќе имаат ефект.

Брисел најавува нови детали за системот со кој ЕУ членките ќе можат да ги проверат безбедноста и стандардите на заштита за животната средина на сите автомобили кои ќе излезат на пазарот, за да се спречи нов скандал.