До каде ќе стигне верниот сојузник на Владимир Путин Рамзан Кадиров? Ова се прашува цела Русија, откако лидерот на Чеченија јавно предложи да бидат судени за саботажа “непријатели на народот”, односно претставниците на опозицијата, кои според него се обидуваат да профитираат од сегашните тешкотии на земјата.
Во вторникот Рамзан Кадиров го зацврсти впечатокот со ветување за “инјекции”, односно практично праќање во психијатриска клиника, за директори на независни медиуми, кои “емитуваат со задоволство лажни и лицемерни информации, разгорени од органската омраза кон Русија”. “Вие сте срам на Русија”, возкликна критичар, почнувајќи полемика со човекот кого го сметаат за “Пит Бул на Путин” вклучувајќи ги и верните на Кадиров луѓе. Претседателот на парламентот Магомед Даудов обвини медиуми како радио “Ехото на Москва” и телевизија “Дожд” дека се “Генералштабот на петтата колона”.
39-годишниот Кадиров, со руса коса и брада, облечен во тренерки, е навикнат да дава гласно изјави. Би било грешка да се прифатат за безопасни. Во 2007 година младиот Рамзан го замени челото на Чеченија татко Ахмад Кадиров, кој беше убиен во атентат, и создаде држава во држава, потпирајќи се на власта на лидерот: Путин во Москва и Кадиров во Грозни, и на патријархалниот традиционален ислам. “Кај нас жената си седи фдома. Жената треба да е стока, а мажот да и е сопственик”, објасни тој за “Комсомолскаја правда” во 2008 година.
Поради златници ја прекопале цела Србија!
Прорускиот чеченски режим е ненадминат во осудувањата, со сеанси по понижување на социјалните мрежи или телевизија, а семејствата на емигрираните Чеченци кои учествуваат во демонстрации во странство, им се заканува со одмазднички мерки.
Луѓе кои ја имала злата судба да го предизвикаат Кадиров, исчезнале. Како новинарката Ана Политковскаја, чие убиство во 2006 година се припишува на Чеченците, но не беше откриено. И како активистка Наталија Естемирова, една од ретките жени, која се осмели да го предизвикаат Кадиров лице в лице по прашања како носење на исламски превез, киднапирањето и убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов, убиен во близина на ѕидовите на Кремљ во Москва во февруари 2015 година. Додека се стави во непријатна позиција пред Запад Путин беше принуден да вети темелна истрага, Кадиров го воспеваше главниот осомничен Заур Дадаев, поранешен член на неговите милиции, кого го опиша како “вистински руски патриот”. Додека дел од руското јавно мислење, вклучувајќи меѓу владејачките ги осудија неговите зборови, Путин го заштити.
Значи ќе е грешка заканите на Кадиров да не бидат прифатени сериозно. Најважно не е дали тој дејствува на своја глава или е “питбулот на Путин”, а да се создаде прашањето дали му фали јавно експонирање во момент кога тешката економска ситуација се заканува да ја поткопа јавната поддршка за режимот на Путин неколку месеци пред парламентарните избори во септември. Издишната рубља, намалувањето на цените на нафтата и перспективата од рецесија уште една година може да предизвикаат социјални немири.
Се раѓаат првите манифестации. На крајот на 2015 година камионџии протестираа во Москва, а во почетокот на јануари “бабушките” од Краснодар и Сочи – не точно вообичаениот социолошки профил на опозицијата, составен од млади граѓани – извојуваа победа, и ги принудија властите да ги вратат намалените цени на билетите за пензионери во јавниот транспорт.
Ако ситуацијата стане напната, еден заканувачки Кадиров можеби нема да е непотребен. Веројатно тоа е причината за молчкот.
