(ВИДЕО) СДСМ: Груевски вчера пушти во употреба игралиште што фунционира една година

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Највисока стапка на невработеност во Македонија, испразнети семејни огништа, иселени млади, деградирани работници, ниски плати, низок стандард…тоа се поразителните резултати од десетгодишното владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во Штип и Источна Македонија, рече на денешната прескоференција Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип.

gruevski-izjava-640x411

– Години наназад граѓаните од Штип и истокот очекуваа реализација на долго најавуваните проекти кои беа само дел од неколку предизборни програми на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Во Штип ја нема новата Клиничка болница, иако ВМРО-ДПМНЕ ја ветува од 2006 година до денес, го нема акцелераторот за зрачни терапии на најтешко болните пациенти. Го нема ниту ветениот Студентски град во Штип, кој требаше да обезбеди помали трошоци и подобри услови за студентите на УГД во Штип. Но, затоа кадрите на ВМРО ДПМНЕ и при вчерашната посета реализираа само предизборно дефиле пред камерите, пуштајќи во употреба тениско игралиште кое функционира речиси една година – рече Милошев.

Дел од институциите повеќе од три часа речиси и да не функционираа, додаде тој, бидејќи партиски вработените кадри добија наредба да го следат претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, при неговата посета.

– Апсурдна е посетата на Никола Груевски на Штип кој ги доведе граѓаните на работ на егзистенцијата и украде 10 години од нивниот живот. И после 10 години Груевски одговара само на однапред подготвени прашања, зашто нема одговор за вистинските проблеми на граѓаните. Времето на Груевски заврши, завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ – порача претседател на ОО СДСМ Штип .