ВМРО-ДПМНЕ бара извинување од Спасовски за формуларите за возачки дозволи

од desk4
78 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара одговор од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали се точни наводите на медиумите дека уште пред да објави на прес-конференција дека биле пронајдени 70.000 формулари за возачки дозволи и била спречена злоупотреба на македонски идентитети тој бил информиран од германската компанија уште во декември, со целосно појаснување на случајот и дека двете страни се согласиле оти не станува збор за криминал.

vmro_dpmne_logo-24185
– Доколку овие наводи се точни, на медиумите, дека тој е фатен во лага, тогаш треба веднаш да излезе и да се извини за скандалот понесувајќи ја одговорноста. Најпрво, треба да им се извини на сите вработени во МВР кои неосновано ги обвинуваше.

Потоа да им се извини на германските партнери чиј углед и репутација ги загрози со своите изјави, а пред се да им се извини на граѓаните затоа што преку урнисување на кредибилитетот на Министерството за внатрешни работи, го урива и нашиот кредибилитет, на Република Македонија, рече на денешната прес-конфренција Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали, праша Саздов, лагите на Оливер Спасовски се причина за неговиот молк околу мотивот на германската компанија да се вклучи во меѓународен криминал со печатење на македонски возачки дозволи и дали од истата причина тој не одговори и по чија наредба постапувала компанијата и какви кривични пријави и против кого се поднесени од негова страна.