Јохана е една од оние енергични, весели учителки кои успеваат да заинтригираат дури и непопустливи ученици. Таа предава на мигранти од Блискиот Исток какви се вредностите на финското општество и како да се однесуваат со жените.
Курсевите се организирани од Владата, за да се осигура дека новодојдените мигранти од конзервативните општества да знаат што да очекуваат во нивниот нов дом, раскажува репортажа на БиБиСи.
Во Финска не може да се купи жена, вели Јохана. Жената може да ви стане сопруга, само ако посака, бидејќи тука жените и мажите се еднакви.
Некои од младите Ирачани кои веќе зборуваат добро англиски и прифатлив фински, го одобруваат тоа одобруваат сериозно. Други – особено постарите, ги креваат веѓите еден кон друг, кога го слушаат преводот на нејзините зборови .
Сепак тука можете да одите во дискотека заедно со девојка, продолжува Јохана. “Запомнете: дури таа да танцува блиску до вас и да носи кратко здолниште, тоа не значи дека сака да има секс”.
На светот му се заканува нова голема војна прогнозира поранешен американски разузнавач
Тинејџер од Сомалија ја фаќа главата со раце, неговиот мозок не може да ја задржи целата оваа информација. “Ова е многу слободна земја! Имаме многу да учиме. Ако правиш секс со жена во мојата земја, ќе те убијат”. “Прилично е чудно”, одобрува малиецот до него.
“Во мојата земја жената не треба да излегува без сопругот или брат “.
Финска не е единствената држава која ги образува мигрантите за животот во земјата. Норвешка го прави тоа од 2009 година, по серијата напади врз жени во третиот по големина град – Ставангер, покажува извештајот на агенцијата “Ројтерс”.
“Повеќето луѓе мислат дека не сме доживеале такви работи, бидејќи сме странци”, вели пилотот Муаз, кој не сака да го открива презимето. “Во нашите држави тоа се случува секој ден. Имаме две сестри и може да ги нападнат секаде во светот. Не е како да доаѓаме од мирно место”.
Темата е тешка, бидејќи не знаеме што се доживувале тие пред тоа, признава учителката Линда Хаген. Таа им наметнува трикови на учениците со различни ситуации: што би направиле ако нивен познаник Норвежанец сподели планови да напие некоја жена, за да има секс со неа? Како го толкуваат видеото во кое момче и девојка танцуваат и се бакнуваат во спалната соба, а потоа тој ја злоупотребува, иако таа вели “не”?
“Знаев предходно дека девојките тука се послободни, но сега ги разбирам подобро”, вели Хани Салума – 25-годишен сириски студент, кој пристигнал пред четири месеци.
Јохана раскажува дека откако почнала да води курсевите во есен, многу жени азил доаѓаат да и ‘се пожалат дека мажите не се однесуваат со нив фински.
Сепак има напредок – тие може да мрморат, кога ќе слушнат дека Финците ги делат со сопругите домашните обврски, но веќе не излегуваат од таксито, ако видат дека го вози жена, дава за пример учителката.
Може да изгледа смешно, но приемните центри во Финска се однесуваат многу сериозно кон овие обуки.
Во нив се предаваат и законите, па мигрантите знаат што ги чека, ако се однесуваат лошо. Минатата година тројца азилнти биле обвинети за силување, а на Нова година во Хелсинки имаше напади слични на оние во Келн и Стокхолм.
Заменик-директорот на градската полиција Илкка Коскимаки објави јавно информацијата дека напаѓачите биле од Блискиот Исток. “Обично не го откриваме етничкото потекло на осомничените, но овие инциденти, во кои млади странци опкружуваат девојка на јавно место и ја малтретираат, станаа феномен”.
Полицијата, исто така, води вакви курсеви во друг прифатен центар. Ирачанец се приближува кон новинарката од BBC и ја прашува зошто доаѓа таму со тројца чувари. “Ве молам, не тврдете дека сите кои бараме азил, сме опасни поради неколку криминалци”.
На поаѓање друг се ракува со неа и вели “Во Финска е одлично. Но кога ќе се оженам, жена ми ќе биде домаќинка, која ќе подготвува како што ми се јаде, и сигурно нема да оди по дискотеки”.
