Центар за 125 баратели на азил лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци и транссексуалци (ЛГБТ) ќе ги отвори своите врати во Берлин во март, објавија Ројтерс. Се смета дека во Берлин има 3.500 баратели на азил, кои припаѓаат на ЛГБТ-заедницата, кои се подложени на малтретирање во засолништата, каде се сместени со други луѓе, според организацијата Швуленбератунг со седиште во Берлин која го заштитува правата на хомосексуалците и која ќе раководи центарот. ” Сме слушнале многу приказни за дискриминација и злосторства против ЛГБТ-лицата во последните две години “, вели Штефан Јакел, менаџер на организацијата задолжена за бегалските прашања.
“Тие беа многу исплашени, откако беа тепани или малтретирани или дури беа преживеале обид за убиство. Слушнавме многу хорор приказни”, посочува тој.
Меѓу август и декември 2015 година имало 95 случаи на насилство против луѓето од ЛГБТ-заедницата, главно во бегалските кампови, според Федерацијата на хомосексуалците и лезбејките во Германија.
