Возраста на која американските жени го раѓаат првото бебе се зголемува, стои во еден нов извештај од Центарот за контрола на болести и превенција (ЦКБП).

Од 2000 до 2014 просечната возраст на првиот пород на мајките пораснала од 24,9 на 26,3 години, податок кој се открива во извештајот на ЦКБП.
Во извештајот кој беше објавен на 14 јануари, истражувачите овој пресврт го припишуваат на два главни фактори: пад на процентот на жени кои го раѓаат првото бебе под 20-годишна возраст, и пораст на процентот на оние кои првпат стануваат мајки над 30 години.
Процентот на жените кои првпат раѓаат под 20 години опаднал на 13,4 проценти во 2014, од 23,1 проценти во 2000-та, стои во извештајот. (Всушност, во друг извештај од ЦКБП се открива дека стапката на породувања кај тинејџерки во 2014 е на најсико ниво во историјата).
Процентото на жени кои првпат станале мајки на возраст помеѓу 30 и 34 години пораснал на 21 процент во 2014, во споредба со 16,5 проценти во 2000, стои во извештајот. И 9,1 проценти од жените кои во 2014 година го добиле првото дете биле 35 години и постари, што во споредба со 7,4 проценти во 2000 година.
Ова е тренд кој најверојатно ќе продолжи додека се повеќе жени стремат да остварат свои професионални цели, вели д-р Брук Хоудс-Верц, асистент по акушерство и гинекологија во Медицинскиот центар Лангон при Универзитетот во Њујорк.
Жените исто така повеќе дознаваат за своите шанси кога станува збор за раѓање бебе на постара возраст, вклучувајќи и замрзнување на јајце клетки, рече Хоудс-Верц за Лајв сајанс.
Хоудс-Верц истакнува дека плодноста кај жените навистина опаѓа со годините, па затоа на повозрасните жени ќе им биде потешко природно да забременат. Овој пад е малку забележлив кај жени во раните 30-ти години, но се поистакнати кај оние жени над 35 години, вели таа.
– Она што навистина се случува е дека онака како што стареете, квалитетот на јајце клетките кај жените опаѓа, па е потребно повеќе време да се пронајдат јајце клетки со добар квалитет, вели таа.
Покрај ова, ризикот кај жените од абортирање како и здравствената состојба како што е крвниот притисок за време на бременоста и дијабетесот растат, вели Хоудс-Верц. Овие состојби можат да доведат до други компликации, како што е предвременото породување, забележува таа.
Овие ризици се зголемуваат на возраст над 35 години, потоа уште повеќе над 40 години, па и повеќе над 45 години, вели таа. Ризиците од хромозомски абнормалности кај бебето, како оние кои го предизвикуваат Дауновиот синдром, исто се зголемуваат со поголемата возраст на мајката, подвлекува таа.
Сепак, севкупно земено трендот на покачената возраст на мајките прворотки изгледа не е загижувачка за општото здравје на жената, барем во овој момент, вели Хоудс-Верц. Жените кои се на возраст помеѓу 30 и 34 години се уште спаѓаат во групата со ниски ризици, додава таа.
– Од аспект на плодноста, не сакаме жените да чекаат толку долго, но засега ова е во ред, рече таа
Лајв сајенс – Њујорк