Гугл исплатил 1 милијарда на Епл за да биде стандарден пребарувач на неговите уреди

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Интернет гигантот “Google” исплатил 1 милијарда долари на “Аpple” за да може пребарувачот да се користи стандардно на уредите на технолошкиот производител.4613194

Откритието дојде од судските документи, видени најпрво од американската телевизија “Блуумберг”. Финансиските податоци се видливи во документацијата по барање на друг софтверски лидер, “Oracle”. Од таму го обвинуваат “Google”, дека ја користеле добро познатата платформа “Java” при разработката на своите производи, без да платат за тоа.

Според адвокатите на “Google”, тужителите “неправилно откриле чувствителни и доверливи информации”, кои ги вклучуваат приходите и нето добивката од мобилниот оперативен систем “Android”. “Блуумберг” соопшти дека според делото на “Oracle”, профитот од “Android” се 22 милијарди долари.

Обвинението наведува дека “Google” користеле заштитени со авторски права, елементи на “Java”, производ на “Oracle”, при изработката на оперативниот систем. Уредите со неа се на пазарот од 2008 година. “Apple” не е страна во спорот меѓу нивните колеги од Силиконската долина, но тужителите ги поднеле информациите за огромното плаќање од страна на “Google”.

Подоцна инкриминирачките документи, видени од “Блуумберг”, исчезнаа од информативниот систем на американскиот суд. Најпопуларниот пребарувач во светот и досега продолжува да се користи стандардно во прелистувачите на смартфоните “iPhone” и различни компјутерски уреди на “Apple”.