Денеска во Спомен – куќата на Тоше Проески во Крушево во пресрет на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески, во кругот на неговите фанови, роднини и пријатели беше промовирана латино верзијата на песната „If you wanna leave me“ заедно со видео запис за истата.
„If you wanna leave me“, која е снимена и како балада и во латино верзија, е најава за постхумен албум со необјавени песни од Тоше.