Филмско бегство од затвор во САД

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Властите во САД трагаат по тројца затвореници обвинети за тешки кривични дела, вклучувајќи тортура и убиства кои избегаа од затвор во округот Оринџ. Затворениците последен пат биле видени во петокот во централниот машки затвор на округот Оринџ во Санта Ана, на околу 40 милји југоисточно од Лос Анџелес.

20160125.igezjrzoby

Властите не знаат кога тројцата криминалци успеале да излезат, бидејќи нивното отсуство е утврдено доцна во петокот , изјави потполковник Џеф Халок, портпарол на локалното шерифство пред медиумите.

Халок рече дека ова е првото бегство од затвор во последните 20 години.

Тројцата мажи влегле во водопроводен тунел, а потоа се спуштиле 5 ката надолу, најверојатно користејќи рачно направено јаже од облека и крпи. Властите претпоставуваат дека немирите кои настанале во зградата во текот на денот, најверојатно биле за одвлекување на вниманието на стражарите. Едниот затвореник е 20-годишниот Џонатан Тиеу – обвинет во 2013 година за убиство, обид за убиство и пукање во населени места. Властите сметаат дека тој е дел од банда. Вториот е 37-годишниот Хосеин Наиери, кој бил уапсен во септември 2014 година и обвинет за киднапирање, тортура, поттикнување тензија и хаос и грабеж. Третиот избегал затвореник е 43-годишниот Bac Дуонг, уапсен минатиот месец под обвинение за обид за убиство, напад со смртоносно оружје. Тој има долгогодишна досие.

Халок рече дека полицијата и шерифството прават напори за да ги откријат и уапсат.
“Очигледно е дека безбедноста на заедницата е приоритет број еден”, рече тој за време на прес-конференција. “Ние ги користиме сите расположливи ресурси и мерки за да ги вратиме овие тројцата назад во притвор.”