(ГАЛЕРИЈА) Кукли или вистински луѓе?

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Куклите се колку убави и интересни, толку и застрашувачки понекогаш. Постои дури и фобија од кукли наречена педиофобија.b604e3e83f56ba5aa53b2ed63da410fe

Куклите на рускиот уметник и сликар Михаел Зајков се повеќе од реални. Нивните лица се толку експресивни што ако не знаевте дека се кукли, ќе ги помешавте со луѓе.2e85c88eac8c96354e709ce7d729c567

Кога ги гледа нивните лица, човек има чувство дека секој момент некоја од куклите ќе трепне со очите и ќе прозбори. А можеби и ќе се раздвижи …29467cf2798f9a58606850c067f8026f

Зајков завршил на Кубанскиот универзитет во Русија во 2009 година. Работел во куклени театри уште пред да го заврши своето образование. Неговите кукли биле претставувани на различни експозиции, а неговата слава стекнува поголем обем по изложбата “Art Dolls” во Москва во 2013 година.4532969f3b30566cbf8fc1eeb49661cf

За неверојатно вистинските очи на своите кукли Зајков користи специјално германско стакло кое го црта рачно, а косите им ги прави од француски мохер.

Останатите фотографии погледнете ги во галеријата.

Галерија: BoredPanda; Instagram