(ВИДЕО) Како се роди филмскиот Хари Потер: Првата аудиција на неповторливиот Даниел Редклиф

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Хари Потер, или „момчето кое преживеа“, беше најпосакуваниот другар на неколку генерации деца. Истовремено, серијалот книги беше одлично четиво за бегство од реалноста на милиони родители, а по излегувањето на филмските проекции, настана општо лудило и се изродија милион обожаватели и мечтатели по волшебниот свет со јадро во Хогвортс. The-Original-Harry-Potter-ScreenTests-that-Started-it-all-Daniel-Radcliffe-Harry

Толкувачите на Хари, Хермиона и Рон, како главните ликови во приказната, одиграа клучна улога во успешната екранизација на литературното дело, а веќе повеќе години, сега возрасните актери, не можат да раскинат со поистоветувањето од публиката со токму овие нивни ролји.

Но, сепак, ние го гледавме Даниел Редклиф како расте и се развива во маестрален актер пред нашите очи! А, како тој дошол до оваа улога… погледнете сами во видеото. Момчето е неспорно талентирано, но кога ќе ги стави очилата се случува едноставно: магија!