Британскиот авантурист почина на само 50 километри од целта

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Британскиот патник Хенри Ворсли, кој сакаше да стане првиот човек кој го преминал Антарктикот без ничија помош, почина откако се разболе само на 50 километри од својата крајна цел, соопштија светските новински агенции. Поранешниот офицер Хенри Ворсли се јави за помош и беше однесен во болница во Чиле, каде открија дека има бактериски перитонитис.

_86197724_shackletonchallengepa

Патувањето на 55-годишниот Ворсли започна во ноември во чест на 100-годишнината од неуспешниот обид на Британецот Ернест Шеклтон да го премине Антарктикот.

Принцот Вилијам и принцот Хари му оддадоа почит на загинатиот. Принцот Вилијам беше покровител на неговата експедиција.