Путин е корумпиран!

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Претставници на Министерството за финансии на САД рекоа за Би-Би-Си дека рускиот претседател Владимир Путин е корумпиран и дека американските власти знаат за тоа многу години.

244244

Портпаролот на Путин ова го демантираше, изјавувајќи дека не е потребен одговор ни на едно од овие прашања, бидејќи тие се чиста фикција.

„Видовме како овозможува богатење на своите пријатели, блиски соработници и како ги маргинализира оние кои не ги гледа како пријатели, како ги користи државните средства. Било да се работи за руско енергетско богатство или за други државни договори, управува со оние кои верува дека ќе му служат, а ги исклучува оние кои тоа не го мислат. За мене, тоа е слика за корупција, изјави Адам Зубин, кој го надгледува спроведувањето на санкциите кон Русија на американското министерство за финансии.