Интервју на високиот претставник на Министерството за финансии на САД за учество на рускиот претседател Владимир Путин во корупциски шеми беше Коментирано од прес секретарот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопштува РИА Новости.Песков го нарече изнесеното од Адам Шубин, кој е одговорен за санкциите против Русија во САД, “лишен од докази” и побара Белата куќа да обезбеди податоците врз кои се темелат овие тврдења. Но појасни дека нема да се бараат овие докази по официјален пат.
Емитувањето синоќа на филмот на БиБиСи “Тајна богатство на Путин” веќе е на интернет, дури и со превод на руски јазик. Во него авторот Ричард Билтон се среќава со многу луѓе кои знаат нешто за темата, меѓу нив и Сергеј Пугачов, кој тврди дека е еден од луѓето кј се издигнал до врвот на власта Путин.
