Русија ќе го следи заживувањето на воениот потенцијал на НАТО крај руските граници,и ќе ги смета сличните чекори за кратковидни и дестабилизирачки. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на годишната конференција, пренесоа агенциите.
Тој истакна дека Русија е подготвена да развива соработката со западните земји, но само на еднаква и заемна основа и при почитување на интересите на секоја од страните. Истовремено Лавров призна дека овој процес се развива “бавно и комплицирано”, бидејќи “продолжува инерцијата во обидите за одвраќање на Русија”.
Според зборовите на првиот руски дипломат Москва нема интерес од слабеење или распаѓање на ЕУ. Тој посочи дека во моментов сојузот доживува големи проблеми во обликувањето на единствена линија, не само за интеграцијата, но и на многу други прашања. Лавров ја пофали Германија за се нивните напори да ги земат предвид интересите на сите земји членки.
Москва ја смета за голема грешка борбата против тероризмот да биде обврзана со предуслови, изјави рускиот министер за надворешни работи. Според него терористи не треба да бидат поканети да присуствуваат на преговарачката маса и ова е вистинскиот пристап кон секоја ситуација “, била таа да е Украина, израелско-палестинскиот конфликт, конфликтите во Африка”.
Валенса сака да се ослободи од обвинувањата дека бил комунистички таен агент
По прашањето за руската интервенција во Украина Сергеј Лавров рече дека Русија не го нарушила Будимпештаниот меморандум. “Будимпештанскиот Меморандум содржи единствена обврска: да не се употребува нуклеарно оружје против Украина. Никој не го правел тоа и никакви закани за употреба на нуклеарно оружје против Украина на се изговарани”, рече на прес-конференцијата Лавров, без да споменува гаранциите за територијалниот интегритет и политичката независност на Украина, содржани во меморандумот.
За Северна Кореја Лавров рече дека според Москва таа не располага со водородна бомба. Тој истакна дека проблемот не е само во тоа Северна Кореја да нема нуклеарно оружје, туку тоа воопшто да не присуствува на Корејскиот полуостров. Лавров ги повика САД да немаат нуклеарно оружје во Јужна Кореја.
Како закана за светската безбедност Лавров ги оцени плановите на исламистите да создадат калифат “од Португалија до Пакистан”. Тој рече дека Русија се стреми да дејствува активно во Советот за безбедност, за де се спречат овие планови, пренесоа агенциите.
Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да остави да бидат казнети од Западот за својата независна политика и дека доближувањето на опсегот на противракетниот штит на САД до границите на Русија е “дестабилизирачка и кратковида” решение, пренесоа агенциите.
