Матадор под истрага поради борба со бик, додека во рацете го држи своето бебе

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Шпанскиот матадор Франциско Ривера е под истрага од агенцијата за заштита на правата на детето во својата татковина Андалузија, бидејќи на интернет објави фотографија на која се бори со бик, додека во рацете ја држи својата петмесечна ќерка Кармен,пишува Гардијан.

460

Ривера поради фотографијата се најде на удар на бројни критики за заштита на правата на животните, како и јавни личности, и покрај пофалбите од љубителите на корида, од кои некои го номинирале за татко на годината.

„Не е во ред во било кои околности да се доведе детето во опасност“, изјави министерот за национална безбедност Алфонсо Алосно.
Матадорот демангтираше дека девојчето во било кој момент било загрозено.

„Тоа беше нејзино деби, петта генерација на матадор во моето семејство. Мојот дедо го направи истото со татко ми, мојот татко со мене и сега јас со моите ќерки“, изјави Ривера.