Паметна машина за кондоми ги пушта своите производи само на трезни клиенти, кои ги проверува за присуство на алкохол со помош на дрегер. Иницијативата е на сопствениците лондонскиот паб “Брас Манк”, каде што е инсталиран апаратот.

Идејата е да се промовира секс во трезна, а не во пијана состојба. Вендинг машината за кондоми е именувана “Џони Би Гуд” и е прва во светот, на која има инсталирано дрегер.
Муштеријата треба да дувне на означеното место и ако нема алкохол над дозволената граница за возење, добива бесплатен кондом.
Според истражувањата, една третина од Британците се срамат да имаат секс со партнер за првпат кога се целосно трезни. 73% сметаат дека алкохолот ги олеснува љубовните контакти, а многумина веруваат дека имале секс под неговото влијание.
Една третина од Британците немале доволно храброст да се соблечат во кревет, ако не се напијат некоја чашка. Мажите поретко имаат секс на трезно, дури 50% од нив пијат пред тоа. Жените во такви ситуации посегнуваат по чашката само во 36% од случаите.