Кинеските научници создадоа мајмуни аутисти, носители на генот поврзан со ова отстапување.
Целта е да се откријат перспективи за лекување на оваа релативно слабо проучена мозочна состојба кај луѓето, соопшти списанието “Нејчр”.
Мајмуните, создадени преку генетска модификација, за да се воведе во нивниот генотип генот поврзан со аутизмот, покажуваат слични симптоми со оние на луѓето кои страдаат од аутизам. Такви се постојано повторуваните гестови, засилена самоизолација од останатите луѓе, постојана вознемиреност и др.
Приматите ќе можат да бидат добри модели за истражување на овие комплексни мозочни нарушувања, па да се бараат нови терапевтски стратегии. Научниците се надеваат дека ќе се разберат подобро механизмите на аутизмот – термин кој собира многу повеќенасочни симптоми.