Епл соборува рекорди за профит, но со опаѓачко темпо

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Добивката на технолошкиот гигант “Apple” повторно се најде највисоко ниво во историјата на компанијата.4623525

Од друга страна растот на продажбата на паметни телефони “iPhone” е на најниска вредност од претставувањето на производот во 2007 година.

Предвидувањата за пад на приходите во првите 3 месеци од 2016 година се дополнуваат од помалата популарност на други основни производи како таблетите “iPad” и лаптопите “Macbook”.

Ова го покажуваат податоците за последниот квартал, објавени од страна на компанијата и цитирани од технолошките рубрики на западните медиуми. Во последната четвртина на 2015 година, во светот се продадени 74,8 милиони “iPhone” -a, само со 1% повеќе од истиот период во 2014 година, кога беа продадени 74,5 милиони. И покрај падот, тоа повторно е најголемиот број продажби на производот до моментов.

Смартфоните продолжуваат да му даваат 60% од профитот на “Apple”, кои се на рекордното ниво од 18,4 милијарди долари на 75 милијарди приходи. Тоа е најголемата добивка за квартал на јавна компанија. Заедно со неа “Apple” објави дека 1 милијарда уреди вкупно ги уживаат софтверските платформи на компанијата.

Според некои експерти, кои цитираат т.н. “Закон на големите броеви”, за “Apple” ќе станува сè потешко да задржува големи продажби и профити. Во следниот квартал американската компанија очекува приходите да паднат до 50-53 милијарди долари, што е првата прогноза за пад од 2008 година.

Сериозен пораст се забележува и кај нови производи на компанијата како часовниците “Apple Watch” и “Apple TV”, но не и кај базните уреди како лаптопи “Mac” и таблетите “iPad”. Падот на продажбата на компјутерските уреди е соодветно 25 и 4% во однос на истиот период во 2014 година.