Западните сили треба да се заложат за Балканот

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Грција испраќа бегалците кон македонската граница, без да ги регистрира.

мигран5

Велат дека тие кои  не учат од историјата се осудени да ја повторат. Да се ​​надеваме дека потпретседателот Џо Бајден и македонскиот премиер Никола Груевски го имаа на ум токму тоа, кога се состанаа претходно овој месец и разговараа за интеграцијата во ЕУ и НАТО, спиралата со  политичкиот судир во Скопје по повод претстојните парламентарни избори, и миграциската  криза која  ја кршит Европа. Ако 20 век нè научи на нешто, тоа е дека Балканот предизвикува  кошмари кога не дејстуваме правилно. Првата светска војна почна во Сараево, каде српски националист уби  наследник на австро-унгарскиот царскиот престол. Втората светска војна е продолжение на Првата поради премногу суровиот  Версајскиот договор. Балканот беше  регионот  и на следните големи војни во Европа. По самозовривањето  на комунизмот и распадот на Железната завеса, Југославија се распадна  на неколку мини-држави, што беше поткрепено со етнички и религиозни конфликти. Старата битка меѓу муслимани и христијани повторно испливува на површината.  го научив ова лично, додека служев како поморски офицер на Балканот и Јадранското Море во 1990-тите при операциите на НАТО во Босна и Косово.

Да потсетам дека муслиманските отомански Турци ја окупирале христијанска Југоисточна Европа со векови. Локалните луѓе зборуваат за турската победа над Србите на Косово Поле во 1389 година како тоа да  беше вчера. Верските војни продолжуваат како легенди. Слично на Влад Цепеш, балкански владетел од 15 век, познат денес како Дракула. Влад  го добил жедниот прекар, бидејќи Набил на кол муслимани на територијата на денешна Романија, како што впрочем тие правеле со христијаните.

Преговорите за излез од кризата во Македонија, во кои посредник е еврокомесарот Јоханес Хан, одзедоа доста време и резултатите се контрадикторни.хан груј

Денес меѓународни џихадисти се собраа во Босна, за да “ги заштитат муслиманите”. Меѓу нив беше и Калед Мохамед, етничкиот Пакистанец од Кувајт, кој најверојатно е организаторот на нападите од 11 септември 2001 година. Трагичното е дека Балканот може  да биде раскинат повторно, почнувајќи овој пат од Македонија. Демне миграцискиот и бран може да биде многу поголема закана од политичката криза со изборите. Тоа е затоа што Македонија е опкружена од три земји од Европската унија и од НАТО, кои сепак се грижат за секој друг, но не и за неа. А сместена на северната граница на Грција, таа е централниот канал на патот кон побогатите земји. Само минатата година над 700 000 бегалци поминале низ Македонија – нешто незамисливо за една нација од 2 милиони луѓе. И таа сè уште е оставена сама да се справи со маките. Но, најлошо е дека со доаѓањето на пролетта, протокот на луѓе од Блискиот Исток повторно ќе ја преплави земјата. Досега Македонија избегна големи катастрофи со мигрантите, поради што заслужува признание. Но, што ќе се случи кога побогатите земји како Германија, Шведска и Франција ги  затворат границите и како ќе се справи со миграцијата – процес кој гледаме дека веќе тргнал? Македонија ќе се покаже полна со бесконечен број муслимански баратели на азил – ете тоа ќе се случи. И макар што Скопје не е толку богат и гламурозен град како Берлин, Стокхолм или Париз, македонската престолнина сигурно е подобра од  Дамаск, Багдад и Кабул.

Слична  катаклизма лесно може да  ја предизвика следната војна на Балканот, каде Македонија е толку кревка. Таа одвај преживеа граѓанска војна само пред 15 години, предводена од етничките Албанци муслимани за независност.

 И така – што да правиме?

Прво, ајде да не ја заборавиме Македонија и Балканот. Тие исто така ја заслужуваат нашата поддршка, иако Северна и Западна Европа присуствуваат многу повеќе во насловите. Второ, да биде создаден Балкански центар во Скопје. Ова треба да вклучува доста голем контингент на НАТО за борба против трговијата со луѓе, оружје и дрога. ЕУ треба да ѝ помогне на Македонија да постави слично на Унгарија ограда долж границата со Грција, која  се докажа дека е неспособна да се справи со мигрантите.

Трето, Грција да престане да ја блокира интеграцијата на Македонија во економските и воени сојузи на Европа поради спорот за името. Се разбира, секој знае дека хеленски херој Александар Велики бил “македонски” и е роден во Пела, Северна Грција. Но, тоа беше 356 година пр.н.е Конечно, треба да се држат под око самите избори во Македонија. Груевски, кој беше премиер од 2006 до неговата оставка минатата недела, се соочува со скриен предизвик од главната лева опозициона партија, која планира да ги бојкотира изборите во името на една поголема задкулисна шема. Опозицискиот лидер Зоран Заев беше пуштил тајно снимени и фалсификувани разговори на премиерот и се обиде да бара откуп што е незамисливо за една западна демократија . Интервенцијата на Москва е лесно да се види – Кремљ ја мрази европската интеграција. Иако спрема миграциската  криза ЕУ ја  ​​напуштила Македонија, таа барем е одговорна како посредник во предизборната криза – таа мора да ги натера 4-те најголеми партии во Македонија да го почитуваат демократскиот процес и да ги одржат изборите во април, како што беше договорено минатото лето.

Интересно е дека во оставката, Груевски објави соопштение во кое праша “ќе продолжат ли политичките расправии да нè враќаат назад”? ” Да се ​​надеваме дека нема. Погрешните активности на Балканот нè чинат многу скапо. Иако денес нема недостаток на ризици за Западот, би било голема грешка, ако тој не се обврзува на градење.

———

Написот на Џеј Диј Гордон (JD Gordon) е објавен во авторитетниот политичко издание the hill. Гордон бил командант на воената морнарица на САД и поранешен портпарол на Пентагон. Работел исто во администрацијата на воениот министер во 2005-2006. Бил и  виш научен соработник , советник , аналитичар на голем број тинк-тенкови во главниот град Вашингтон.