(Видео ) „Уан Дирекшн“ објавија спот за песната „History“

од Vladimir Zorba
54 прегледи

 

Популарниот бој-бенд „Уан Дирекш“ објави видео спот за песната „History“, кој се најде за нивниот најнов, петти по ред, албум „Made In The A.M.“.

Како што објавија британските медиуми, спотот е исполнет со емоции и со снимки од нивната досегашна кариера во изминативе пет години.One-Direction-History-Official-Video

Во спотот се појавуваат и поранешниот член на „Зејн“, Сајмон Каувел, како и повеќе фанови на популарниот британско-ирскиот квартет.

Членовите на групата „Уан Дирекшн“ својата кариера ја започнаа со учество во шоуто за таленти „Икс Фактор“, кога станаа вистинска атракција и миленици голем број тинејџерки ширум светот.