(ВИДЕО) Леонардо Ди Каприо на гости кај Папата

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Леонардо ди Каприо беше гостин на Папата Фрањо, соопштија на официјалната страница на Ватикан.

vatican-pope-francis-di-caprio
На средбата актерот му подарил на Папата книга на која се прикажани различни слики од ренесансата.

Во разговор меѓу двајцата, Леонардо ди Каприо, вели дека “како мал не разбирал што точно изразуваат цртежите”, но во моментов гледа на нив поинаку“.

Сликите се на холандскиот сликар Јеронимос Бош, а повеќето ги отсликуваат гревовите и моралните падови на луѓето.
Некои од прикажаните симболи се користени и во иконографијата.

Освен за уметност, Папата и актерот разговарале и за прашања поврзани со заштитата на животната средина.