Проблемот со покривката и чаршафите, кои се собрани кога ќе се разбудите веќе има решение користејќи паметна постелка. По долга борба за да се најде сигурен производи, компанија Need / Want конечно ги претстави своите умни постелки. Името е малку погрешно, затоа што “паметни” производи често се вели за поврзани уреди, а овие постелки немаат сензори и не се поврзуваат со апликации. Идејата е многу едноставна, спојки ја поврзуваат горната паметна покривката со друга таква, па да одговараат совршено. Тоа значи крај на долгите чаршафи кои се вовлекувајте од страните од креветот.
Изумителите на паметните постелки започнуваат со кампања за собирање средства во јули 2013 година и се здобиваат со потребните средства за помалку од 40 часа, но поради проблеми со производителот производство пропаѓа.
Како резултат на тоа, изумителите на паметната постлка ги губат сите пари и се принудени да ги собираат повторно. Со помош на инвеститор, тие почнуваат потрага на нов производител во почетокот на 2015 година По наоѓање на нов производител, компанијата се фокусира на подобрување на производот, преминувајќи од памучни чаршави кон ленена постелнина.
