Додаваат шест нови емоции на Фејсбук

од desk3
100 прегледи

Не по долго, 1,6 милијарди корисници на Facebook ќе имаат повеќе можности за брзо изразување на чувствата на најголемата социјална мрежа во светот, пишува CBS News. По четири месеци на тестови во САД, извршниот директор Марк Цукерберг изјави дека “наскоро” шест нови емоции ќе бидат додадени на социјалната мрежа на глобално ниво.

Image_5265229_126

Цукерберг не прецизира точно рокови додека информираше за новата функција за време на презентацијата на извештајот за приходите од последниот квартал. Дополнителните можности ќе ја прошират изразността на Facebook

Новите реакции ќе вклучуваат симболи за “angry” (гнев, незадоволство), “sad” (тага), “wow” (одушевување, чудење), “haha” (смеа) и “love” (љубов). Сакаме луѓето да можат да делат сè што има значење за нив, не само среќата. На луѓето ќе им се допаднат кога ќе ги видат (новите )”- забележува Цукерберг.

Facebook се надева дека поголемиот избор ќе ги охрабри корисниците да ги споделат своите мисли почесто и да поминуваат во социјална мрежа дури и подолго време отколку што веќе поминуваат. Компанијата тестира различни видови реакции во Чиле, Филипини, Португалија, Ирска, Шпанија, Јапонија и Колумбија. Цукерберг наведува дека инженерите на Facebook треба да направат уште промени, пред новите функции да бидат понудени во други делови на светот.