5 тајни за машката мастурбација

од Vladimir Zorba
2,9K прегледи

Повеќето мажи мастурбираат по навика. Го прават тоа брзо и со познати грижи (да не бидат фатени од страна на родителите или партнерот), што во голема мера ги лишува од вистинското задоволство од актот.d80ba61f97491a7ac51b9da11afec81d

“Многу мажи брзаат да ја завршат работата “и дури и не размислуваат како може да го направат процесот попријатен и задоволителен”, тврди секс експертот Емили Морс, творец на шоуто “Секс со Емили”. Таа ги советува господата да ги пробуваат следниве тактики за подобри резултати и силни оргазми:

Дојдете до работ

Просечната должина на машката мастурбација е 5 минути. Емили тврди дека можете да достигнете посилен оргазам, ако се доведете до “работ” и престанете токму пред да свршите. Почекајте пенисот да поомекне а потоа започнете повторно. Направете го тоа 3-4 пати и дури тогаш  дозволете си да завршите.

Менувајте ги рацете

Исто како при секс позите, и во мастурбацијата промената на движењето и стимулирање на различни точки доведува до поголемо задоволство. Затоа не пропуштајте да ги вклучите и двете раце во процесот на самозадоволување.

Користете секс играчки

Вештачка вагина, гелови, секс-кукли … вклучете различни елементи, за да се приближите до чувството на вистински вагинален или анален секс.

Започнете од основата

Десетици истражувања покажуваат дека стимулацијата на епидидимот (додаток на семеникот, кој има цевчеста форма и се наоѓа на задниот раб на тестисите) доведува до ејакулација. Масирајте го и подгответе се за нови и грандиозни задоволства.

Не ги заборавајте тестисите

Во областа на тестисите има многу нервни завршетоци кои можат да го засилат чувството на задоволство при мастурбација. Тие се чувствителни на допир и при стимулација ќе ги потпомогнат оргазмите и уживањето.