ЕК: Шведските планови за депортација на мигранти ќе ја зајакнат Европа

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Плановите на Шведска  се да депортира до 80 000 бегалци кои дошле во земјата во 2015 година, во согласност со европските регулативи, велат од ЕК.сведн полиц

Плановите на Шведска да депортира до 80 000 бегалци кои дошле во земјата во 2015 година, во согласност со европските регулативи и дури би можеле да ја зајакнат миграциската политика на континентот, изјавија од Европската комисија, цитирани од британскиот весник. “Индипендент”. Според претставници на ЕК враќањето на мигранти, кои не добиле статус на бегалци, одговара на напорите на ЕУ да изгради кохерентна стратегија за мигрантите. “Страните имаат право и навистина се должни да враќаат луѓе кои немаат право да останат во ЕУ. Од суштинско значење е да сме сигурни дека молбите на барателите на азил ќе бидат обработени брзо “, рече портпаролката на ЕК, Наташа Берт.

“Прашање на сигурност е да ги враќаме овие луѓе, бидејќи не сакаме да оставаме впечаток дека Европа е отворена врата”, рече таа. Шведска е вториот најпопуларна дестинација за мигранти по Германија. Со своето население од 9,8 милиони. луѓе во текот на изминатата година Шведска дала азил на повеќе бегалци по глава на жител од која и да е друга земја – над 160 000 луѓе. Во моментов властите во Стокхолм обработуваат други 58 000 молби.

Сепак по воведувањето на построгите правила за гранична контрола бројот на новопристигнатите  бележи пад од 10 000 луѓе на недела во октомври, до 100 луѓе дневно во моментов. Шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Игеман изјави дека ќе бидат спроведени чартер летови за враќање на мигрантите. “Првиот чекор ќе биде доброволно враќање, но ако тоа не функционира , ќе треба да ги враќаме со сила”, рече тој и додаде дека Шведска се обидува да постигне договор со Авганистан и Мароко за прием на вратените мигранти. Според Игеман оваа година се очекуваат околу 45 000 барања за азил