Над 80 отсто од парите кои ги заработува Facebook од рекламирање се од мобилните уреди, покажува последниот финансиски извештај.

Социјалната мрежа во последното тримесечје оствари фантастични резултати пред сѐ од шопингот за новогодинешните празници.
Забележана е заработка од над 5,8 милијарди долари од кои 4,5 милијарди се од мобилното рекламирање. Овие податоци ја надминаа проектираната заработка и на сметката на Цукерберг легнаа околу 17,9 милијарди долари за цела 2015 година.
Оваа Заработка не е случајна, бидејќи над 1,4 милијарди корисници добшле до пристап од мобилна платформа.
Од дополнителна помош е и платформата за споделување на слики Instagram на која се рекламираат 98 отсто од компаниите кои се рекламираат на Facebook.