Во Кина се бараат луѓе кои ќе го мазат бебето панда

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Центарот за истражување и заштита на џиновската панда во Ченгдуу во Кина, бара лица чија задача ќе биде да го мазат бебето на ова загрозено животно.

244964

Според пишувањето на весникот Чајна дејли, овие експерти за мазење имаат платена храна и спиење и годишна плата од 200.000 јуани, или околу 28.000 евра.
Единствен услов за лицата кои ќе бидат вработени е да се облекуваат како панда, за да можат младенчињата да им приоѓаат без страв.