Скандал: САД и Велика Британија речиси 20 години ја шпиунираат армијата на Израел

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Американски и британски разузнавачки служби го шпионираат Израел најмалку 18 година, откако успеале да ги пробијат кодови за шифрирање на комуникацијата помеѓу борбените и беспилотните авиони и командата на вооружените сили. Информацијата е дел од откритијата на поранешниот службеник на американското разузнавање Едвард Сноуден.

20160130.mtqqlsyglc
САД и Велика Британија се по тек со секој чекор на израелската воена авијација и дури добивале слики во реално време од операциите на израелските воздухопловни сили. Агенцијата за национална безбедност на САД и британската служба за следење на комуникациите GCHQ располагаат со кодовите на беспилотните авиони, кои Израел ги произведува и продава на други земји, како и со кодовите на оружјето кое го користат Хезболах, Иран, Турција и Сирија.

Тоа го овозможиле благодарение на нивниот пристап до израелските комуникации. АНС и Британците го следеле Израел од британската воздухопловна база на Кипар, станува јасно од публикации во “Шпигел” и електронското издание на Интерсепт кои располагаат со информациите изнесена од Едвард Сноуден.

Операцијата на двете земји била со кодирано име “анархисти”. Во внатрешниот билтен на АНС во јануари 2008 година има порака од која станува јасно дека за прв пат на 3 јануари истата година кога Израел спроведува операција против Хамас во Појасот Газа, АНС добива во реално време слика од пилотската кабина на израелски борбен авион и се гледа целта во Газа.

“Тоа е како земјотрес”, коментира за електронското издание “Једиот Ахронот” висок претставник на израелските сили за безбедност. “Тоа значи дека тие насилно не разголиле и дека најверојатно ниту еден од кодираните системи не е безбеден. Ова е најтешкиот удар во историјата на израелското разузнавање”.

По скандалите со откритијата за прислушувањето на европските лидери, сојузници на САД, Барак Обама вети дека неговата земја повеќе нема да следи пријателски земји.