Производство на руските автомати “Калашников” започнува во американската сојузна држава Флорида.

Оружјето ќе се произведува во локална компанија Russian Weapon Company, која уште во 2015 година ги испита можностите да започне производство.
Сега новата фабрика во Флорида е подготвена, а во неа ќе работат 54 лица, кои ќе одговараат за изработка на 10 верзии на “Калашников”. На секој автомат ќе има отпечатоци “Произведено во САД”.
Причината Russian Weapon Company да се зафати со производството е фактот дека откако Вашингтон воведе економски санкции против Москва, автоматите станаа дефицитарни на американскиот пазар на оружје. Во исто време побарувачката се повеќе расте. Но, тоа не може да биде задоволено, бидејќи увозот на “Калашников” во САД е запрен.
Од рускиот производител немаат ништо против да земаат пари од лиценцата, дадена на американските колеги.