Уредничкиот одбор на “New York Times” го поддржа претседателските кандидати на Демократите и Републиканците, Хилари Клинтон и Џон Кејсик, нарекувајќи ја Клинтон “една од најквалификувантие претседателски кандидати во модерната историја”
– Господинот Берни Сандерс нема големо искуство ниту политичка идеја, која госпоѓата Клинтон ја нуди, се наведува во соопштението на Одборот.
Одборот му дава признание и на сенаторот од Вермонт, Сандерс, главниот ривал на демократите во претседателската номинација. Укажува на клучните проблеми кога е во прашање економската еднаквост во надворешната политика, пренесува Ројтерс.
Според одборот, Кејсик, гувернерот од Охајое е единствениот избор на републиканците да се одбранат од екстремизмот и поскромното искуство кое е прикажано на предизборната трка.
Одборот на Њујорк Тајмс наведува дека Доналд Трамп нема искуство во меѓународните прашања ниту се интересира да научи за нив, а Тед Круз е спремен да каже што било само за да победи.
Весникот даде поддршка за Клинтон и во 2008-ма година, кога нејзин ривал во претседателската трка беше Барак Обама.
