Кси Џинпинг во своја корист ја реформира кинеската армија

од Vladimir Zorba
93 прегледи

 

 

Најголемата воена реформа во Кина започна со гласен оддек од Мао Цетунг. На крајот на 2014 година, претседателот Кси Џинпинг го посети јужното гратче Гутјан, каде пред 85 години Мао првпат ја изложи доктрината дека Народната ослободителна армија (НОА) е вооружените сили не на владата или на земјата, туку на Комунистичката партија. Истото го потенцираше пред собраните високи офицери: НОА е армија на партијата и таа треба да ги брани „своите револуционерни традиции“ и да остане апсолутно верна на своите политички господари. Зборовите му беа вовед кон раширените реформи спроведени во последните месеци во НОА, кои ги дофаќаат скоро секоја воена институција. images (15)

Овие промени се прават со две цели – да се зацврсти контролата на Кси врз воените сили кои бројат 2,3 луѓе, чиј виш ешалон е длабоко корумпиран, а кинеската армија да стане борбено способна со раководство спосбно да ги спречува бариерите меѓу соперничките команданти кои од одамна се спротивставуваат на напорите за нејзина модернизација. Беше потребно многу време по средбата во Гутјан за спроведување на тие реформи, но тоа покажува какво е нивното значење, и колку се тешки.

Самата кинеска армија одамна признава дека заостанува. Таа може и да добива еден куп нови оружја – на пример, штотуку започна со изградба на вториот носач на авиони – но не успева ефикасно да ги искористи заради застарените командно-контролни структури. Всушност, пред да настапи каква и да е суштинска промена во таа област, Кси смета дека е неопходно да ја зацврсти контролата на партијата над армијата, за да нема противење заради неговите реформи и НОА повторно да се втурне во кал од корупција.

Следствено, реформите започнуваат со основниот инструмент за партиска контрола, Централната воена комисија (ЦВК), чиј претседател е Кси. На 11 јануари ЦВК објави дека четирите штаба на кинеската армија – организациите кои одговараат за регрутирањето војници, набавките на оружја, обезбедувањето логистика и политичкиот надзор – биле реорганизирани, персоналот бил намален и дека биле присоединети кон комисијата. На времето тоа беа најмоќните организации во кинеската армија, кои всушност работеа како посебни феудални владеења. Сега тие се претворија во оддели на ЦВК.

Власт на партијата!

Политичката централа беше органот преку кој партијата ја држеше армијата под око и следеше воените службеници да бидат во тек со маоистичките текстови и последните партиски повелби. Загубата на нејзиниот автономен статус би можел да се прими како знак дека улогата на партијата се намалува. Но не е така. Сега партиската ЦВК (има и една државна, но со симболични функции) ќе може подорбо да следи што се случува. Петнаесете нови оддели на тој орган ќе вклучуваат не само оддели за политиката, туку и за логистиката, управувањето со личниот состав и борбата со корупцијата. Кси веќе ја зема корупцијата на нишан и стави неколку десетици генерали во затвор. Ruska-i-kineska-vojska-620x350

Втората реформа беше различните служби да станат порамномерни. Досега, копнените сили имаа предност над другите. Тоа беше функционално се додека главната задача на кинеската армија беше да ја брани земјата преку копнените граници (до 80-ите години од минатиот век, Советскиот сојуз беше сметан за најголемата закана). Но сега Кина има воени амбиции во Јужното Кинеско Море и подалеку, и сака да биде рамноправен соперник на американските военипоморски сили во западниот дел од Тихиот Океан. Неодамна во уреднички текст во официјалниот весник на НОА, Дневен весник на Ослободителната армија, вооружените сили беа оквалификувани заради својот „копненоцентричен изглед“.

Како додаток на командувањата во ВМС (военоморските сили) и ВВС (военото воздухопловство) сега беше создадена одделна команда за копнените сили. кои до неодамна раководеа со се. На 31 декември, ВЦКисто така го објави создавањето на команда на космичките војски и кибервојната, како и команда на балистичките и долгодометни ракети (кои претходно спаѓаа во Втората артилериска војска, дел од копнените сили). Има и нова заедничка команда со целонса контрола над различни служби, нешто како американскиот Совет на началници на штабови.

Промени се подготвуваат и во регионалните командни структури. Кина беше поделена на седум воени окрузи. Тие беа влијателни и сосема самостојни – споделувањето или размената на војници и техника беше исклучително ретко. Сега, според хонконшкиот весник Саут чајна морнинг пост нивниот број ќе биде намален на пет. Војниците ќе се собираат и обучуваат од различни служби пред нивното регионално дислоцирање. Тоа ќе обезбеди поголема централна контрола над окрузите.

Кина зборува за воена реформа веќе со децении, но промените доаѓаат со голема бавност. Противењето во редовите на вооружените сили е жестоко. „Ако реформата не се изведе правилно, таа може да и наштети на стабилноста на вооружените сили, па дури и на целото општество“, напишаа Сун Кизцај и Хан Сјао од Универзитетот за национална одбрана. (Ссатијата брзо беше тргната од веб страната на Дневниот весник на Ослободителната армија). Незадоволните војници можат да создадат бунтови. Се бара бројноста на војската да биде скратена за 300,000 луѓе. На државните претпријатија им е наредено да одвојат пет проценти од профитот за отпуштените ветерани.

Новите реформи се посеопфатни отколку што го очекуваа тоа повеќето западни набљудувачи по конференцијата во Гутјан. Но, тие се нецелосни. Копнените сили сеуште го имаат последниот збор по некои наредби (на пример, сите исти раководители на новите регионални команди се генерали од копнените сили). Кинеската армија традиционално дава поголем статус за борбените оддели, отколку на комуникациите, логистиката, транспортот и ним слични, што е неопходно во време кога информациите и комуникациите се решавачки при водењето војни. Но реформите не прават ништо за корегирање на тој недостаток. освен тоа, многу од деталите остануваат нејасни. На пример, никој не знае од каде ќе дојдат кратењата на војниците или кои оддели ќе бидиат вклучени во новата команда на космичките војски и кибервојната.

Првиот резултат од реформите веројатно ќе направи забуна меѓу војниците, додека новиот систем проработи. Американскиот аналитичар за кинеската армија, Денис Бласко, вели дека никој не може да биде сигурен во резултатите, додека не бидат испробани на бојното поле. Во сиот тој мрак, само еден човек со сигурност добил тоа што го сакал: Кси Џинпинг.

Економист – Лондон